Вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ се игра најголемото дерби во шпанскиот фудбал помеѓу Реал Мадрид и Барселона.
На табелата Барселона има три бода повеќе од „кралевите“ и ова ќе биде можност избраниците на Карло Анчелоти да се израмнат на табелата, но од друга страна каталонскиот гигант може и да направи поголема разлика.
Барселона во првите десет кола забележа само еден пораз, додека Реал Мадрид и понатаму е без изгубен натпревар, но одигра само три реми.
Во шпанските медиуми веќе се објавуваат и можните состави за натпреварот:
Реал Maдрид: Лунин – Васкез, Милитао, Рудигер, Менди – Валверде, Чуамени, Модриќ – Белингем – Мбапе, Винисиус
Барселона: Пена – Кунде, Кубарси, Мартинез, Балде – Касадо, Педри – Јамал, Олмо, Рафиња, Левандовски