Виљареал и Реал Мадрид одиграа луд меч со осум погодоци кој заврши нерешено 4-4, ѕвезда на денот беше Александер Сорлот кој ги даде сите четири погодоци за домаќините, Барселона со 3-0 го победи Рајо Ваљекано, Столе Димитриевски не ја сочува мрежата овојпат.
Реал Мадрид одлично го отвори мечот, со гол на Арда Ѓулер во 14. минута поведе со 1-0, а во 30. веќе беше 2-0 откако реализираше Хозелу.
Сорлот во 39. минута намали на 2-1, но следуваа два гола на Реал Мадрид до крајот на првиот дел, прво Лукас за 3-1, а потоа уште еднаш погоди Ѓулер за 4-1.
Се чинеше дека прашањето за победникот е решено, но во вториот дел се случи шок, од 48. до 56. минута Сорлот даде три гола, сите по асистенција на Морено за конечни 4-4.
Столе Димитриевски првиот гол на Монжуик го прими уште во третата минута кога Левандовски ја затресе неговата мрежа.
Во 62. минута Педри влезе во игра, а брзо потоа даде два гола за конечни 3-0 за Барселона.
Атлетико Мадрид доживеа тежок пораз на домашен терен откако со 4-1 загуби од Осасуна, пораз доживеа и Бетис кој пред своите навивачи загуби од Реал Сосиедад со 2-0.
Во другите натпревари од Ла Лига: Атлетик Билбао – Севиља 2:0, Кадиз – Лас Палмас 0:0, Гранада – Селта 1:2, Мајорка – Алемрија 2:2, Валенсија – Жирона 1:3.