Meдиумите во Франција пренесуваат дека поради долгот кон Килијан Мбапе, ПСЖ може да биде исфрлен од Лигата на шампионите.
Како што објави „Ле Монде“, Мбапе се пожалил на Професионалната фудбалска лига и УЕФА за случај во кој наводно не му е исплатен бонус од 55 милиони евра.
Ако ПСЖ биде прогласен за виновен може да добие казна за забрана за трансфери и да му биде одземена лиценцата за европските натпреварувања што би значело исфрлање од Лигата на шампионите.
Во ПСЖ пак сметаат дека ништо не му должат на својот поранешен фудбалер кој наводно тоа и им го соопштил во разговор уште минатата сезона. Меѓутоа неговиот потпис на договорот зборува нешто друго.
Мбапе во ПСЖ пристигна во 2017 година од редовите на Монако, а си замина како слободен играч во Реал Мадрид ова лето.