Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентинската репрезентација, Хулијан Алварез би можел да го напушти „Етихад“.
Новинарот Сем Ли, важи за човек добро упатен со случувањата во англискиот шампион и според неговите последните информации Аргентинецот не би имал ништо против да замине за вистинска понуда.
Наводно неколку клубови покажале интерес за Алварез, но засега немало конкретни преговори. Претходно се споменуваше Атлетико Мадрид, па и Барселона, меѓутоа не дојде до ништо конкретно.
Во овој момент Алварез е фокусиран на Копа Америка и не размислува за трансфер, меѓутоа сигурно дека тоа би можело да биде тема во текот на летниот преоден рок.
Алварез е свесен дека покрај Халанд во Сити повторно го чека епизодна улога. Минатата сезона повеќе простор за игра добиваше само во периодот кога Норвежанецот беше повреден.