Шок за Борусија: Вториот стрелец во Бундеслигата не ги помина медицинските прегледи

by Стефан
1 минути читање

Напаѓачот на Штутгарт кој Серхи Гираси кој имаше одлична сезона во Бундеслигата денес не ги помина медицинските прегледи во Борусија Дортмунд

Се очекуваше напаѓачот кој беше втор стрелец во најсилната германска конкуренција без проблеми да го комплетира трансферот во редовите на „милионерите“, но тоа не се случи.

„Во текот на лекарскиот преглед беше откриена повреда поради која ќе биде отворена дополнителна истрага“, објавија од Брусија.

Во овој момент нема информации за што точно станува збор. Гираси во минатата сезона постигна 28 гола и беше втор стрелец зад Кејн кој беше стрелец на 36 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани