Манчестер Јунајтед има катастрофален старт на сезоната во Премиер лигата, котира лошо на табелата и забележа низа лоши резултати. Поради тоа се споменуваше дека тренерот Ерик Тен Хаг може да добие отказ, ама тоа не се исполнува засега.
Наместо тоа, сопственичката компанија „ИНЕОС“ на чело со Џим Ратклиф реши да му даде отказ на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Шкотланѓанецот кој е најуспешен менаџер во историјата на Јунајтед имаше милионски договор, а неговата улога беше светски амбасадор на клубот. Оваа функција Фергусон ја извршуваше од октомври 2013 година, но новата сопственичка структура смета дека нема потреба од такво нешто.
Со цел да се заштедат средства и да се намалат трошоците Фергусон е распуштен од функцијата бренд амбасадор на Манчестер Јунајтед. За „ударот“ да не е целосен, компанијата „ИНЕОС” одлучи на Фергусон да му ја остави функцината неизвршен директор на клубот и вратите на стадионот секогаш ќе бидат отворени за него.
Сепак, навивачите се незадоволни, бидејќи клубот реши да му врачи отказ на легендарниот Фергусон наместо на Тен Хаг…