Шок во Вардар: Тимот по победата против Пелистер остана без тренер!

by Стефан
1 минути читање

Вардар вчера го победи Пелистер, а веќе денес пристигна изненадувачка вест од таборот на црвено-црните.

Горзад Михаилов повеќе не е тренер на Вардар, потврди клубот преку социјалните мрежи. Како што соопшти Вардар оставката Михаилов ја поднел поради лични причини.

Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните. Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, објави Вардар.

На клупата на Вардар, Михаилов пристигна минатата полусезона и успеа да го задржи тимот во друштвото на најдобрите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани