146
Македонскиот прволигаш Шкупи, освен новиот спонзорски договор со компанијата „Паша груп“, промовира уште еден интересен проект.
Чаирчани започнаа проект за изградба на ултра-модерна тренинг база. Веројатно истата ќе биде во општината Чаир, а градоначалникот вети поддршка и финансиска помош. Претседателот на клубот Олгун Алтај потврди дека проектот е веќе усвоен и се очекува да започне изградбата на истиот.
Се очекува во новиот спортски комплекс да има три фудбалски терени, целосен сместувачки објект со кујна, конференциски сали, тренинг сали и теретани.
Освен Шкупи, Алтај најави дека тој во иднина замислува како и други клубови, па дури и репрезентацијата го користат овој комплекс.