Шкупи сака полни трибини во битката за титулата: Влезот за дербито во Чаир ќе биде бесплатен

by Стефан
1 минути читање

Викендов во ПМФЛ на програмата е дербито помеѓу Шкупи и Шкендија кое ќе се игра на стадионот во Чаир.

Пред овој натпревар од редовите на домаќинот одлучија да ги отворат вратите и влезот за натпреварот ќе биде бесплатен.

Шкупи е во битка со Шкендија за титулата и во последните три кола влегуваат со ист број на бодови, тука е и Струга.

Натпреварот како и останатите од 31. коло се игра утре во терминот од 17:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани