181
Македонскиот прволигаш Шкупи потврди дека ова лето се раздели со норвешкиот напаѓач Емануел Гронер.
23-годишникот кој пристигна во Шкупи минатата зима одигра 17 натпревари за клубот од „Чаир“ и постигна пет погодоци. Сепак, тој и клубот решија да не ја продолжат соработката.
Така Гронер по една полусезона замина од редовите на Шкупи, а од клубот му се заблагодарија за одиграното.
Чаирчани се припремаат за новата сезона, веќе се пофалија со неколку новајлии, а се очекуваат уште играчи за комплетирање на тимот.