Вардар се радуваше на победа во дербито со Шкупи, а по натпреварот од редовите на клубот од Чаир изразија незадоволство од арбитражата на главниот судија Игор Стојчевски.
Во Шкупи се убедени дека се оштетени и тврдат дека Мицевски бил во офсајд пред да го постигне победничкиот гол за 3:2.
„Тоа на кое предупредувавме и се случи. Главниот судија Игор Стојчевски си ја заврши работата. Пред натпреварот предупредивме дека овој судија не е способен да суди ваков натпревар и дека подолго време е на нашата непожелна листа. Сепак, барањето на нашиот клуб никој не го сфати сериозно. Во 83. минута сите видоа дека Мицевски е во офасајд, но не и противничкиот омилен судија. Нашето детално објаснување ќе го дадеме утре“, стои во соопштението.