Организаторите на Европското првенство се изнанадени уште пред првиот натпревар на турнирот во Германија.
Неверојатна е ситуацијата на улиците и на главниот плоштад во Минхен. Иако вечерва игра домаќинот на првенството, цел Минхен е преплавен од популарната „Тартан Армија“ на шкотски навивачи. Уште од рано наутро се пие пиво, се ужива и забавата е во тек, а имаше и инциденти.
За приказната да биде уште поневеројатна се погрижија властите во Минхен. Поради неверојатниот наплив на илјадници и илјадници навивачи на Шкотска, надлежните органи им порачаа на Германците: „Останете дома“. Фан зоната е преполнета со гостински фанови, а само таа собира 25.000. Се шпекулира дека по улиците на Минхен парадираат уште барем двојно толку навивачи од „Тартан Армијата“.
Сепак, бројките ќе се израмнат вечерва на „Алијанц Арената“, бидејќи Германците со сигурност имаат купено повеќе билети за натпреварот.