Битолски Пелистер го претрпе првиот сезонски пораз пред домашната публика на „Петар Милошевски“, откако загуби минимално од Шкендија (0-1) во 15. коло на ПМФЛ.
По израмнетиот почеток на средбата Шкендија успеа да го отвори резултатот преку Флорент Рамадани. Фудбалерот на тетовчани погоди за предност (0-1) во 36. минута од натпреварот.
Имаа пелистерци шанса веднаш да возвратат, ама младиот Талески не реализира. Истиот фудбалер се закани и во второто полувреме на стартот, па потоа следеа обиди на Крстевски и Рамадани на спротивната страна.
Во завршницата Пелистер беше многу поопасен, го притисна фаворитот и „голот висеше“, ама тетовчани се одбранија.
Шкендија стигна до 30 бода и е лидер, но израмнета е со Гостивар и Силекс, а Пелистер има 16 бода на седмата позиција.