211
Тетовска Шкендија објави дека во следната сезона нема да смета на еден од најстандардните играчи во претходната кампања.
Од клубот заминува Алмир Аганспахиќ, по една година мината во таборот на Шкендија. Клубот објави дека по взаемен договор се прекинува соработката со босанскиот напаѓач кој беше еден од носителите на играта.
Минатата сезона Аганспахиќ одигра солидно. Во ПМФЛ Босанецот настапи 30 пати и постигна 12 погодоци за Шкендија, а запиша и две асистенции.
На позицијата напаѓач тетовчани веќе го промовираа Дауда Бамба од Брегот на Слоновата Коска.