237
Тетовска Шкендија прововира уште едно засилување за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига, но и квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.
Нов член на вицепрвакот е Адаму Алхасан. Се работи за 23-годишен фудбалер кој доаѓа во Шкендија од редовите на Гостивар за кој настапуваше во ПМФЛ минатата сезона.
Алхасан настапува на позицијата последен играч за врска и има дефанзивни карактеристики. За Гостивар претходната сезона одигра 29 натпревари во ПМФЛ.
Во кариерата пред Гостивар, Алхасан беше дел од турските клубови Алтај, Кечиоренгуџу и Меменспор, а во родната земја играше за Кано Пиларс.