206
Шкендија ќе брка два негатива во Скопје откако загуби со 2-0 на гостувањето кај Ноа во Ерменија, двата погодоци беа постигнати во финишот од натпреварот.
Македонскиот тим беше рамноправен со Ерменците во најголем дел од мечот, но направи две грешки во одбраната во финишот од дуелот и загуби.
Мрежите мируваа се до 81. минута кога Грегорио постигна гол со глава за водство на Ноа од 1-0.
Десет минути подоцна Пабло ја зголеми предноста на 2-0, тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.
Реваншот се игра во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ за седум дена.