160
Тетовска Шкендија доведе искусно и квалитетно засилување за крилните позиции.
Во финишот на преодниот рок тетовчани го промовираа Лиридон Латифи. 30-годишниот фудбалер може да игра на двете страни во нападот, а Шкендија е неговиот прв клуб во кој ќе настапува во Македонија.
Кариерата на Латифи тргна преку Фљамуртари и Приштина, а продолжи во Скендербег и Кукс во Албанија. Потоа следеше трансфер во Академија Пушкаш, па играше и за Шериф Тираспол. Во 2021 тој се врати во албанскиот фудбал, беше дел од Влазнија и последно минатата сезонма играше за Тирана.
Шкендија гради тим за највисок дострел во ПМФЛ, стартот на сезоната беше солиден и веќе собра седум бода.