142
Борац Бања Лука со 3-2 загуби на гостувањето кај ПАОК кој е голем фаворит во овој двомеч од квалификациите во Лигата на шампионите.
Грчкиот тим се надеваше на убедлив триумф, но Борац Бања Лука се покажа како тврд орев, иако загуби, има резултат кој носи надеж во реваншот дека може да се направи изненадување.
Во првото полувреме ПАОК двапати водеше, Борац двапати израмнуваше. Со резултат од 2-2 се отиде на одморот.
По шест минути игра во второто полувреме, Шишковски киксираше и со лоша проценка му подари победнички гол на ПАОК.
Goal: William Troost-Ekong | PAOK 3-2 FK Boracpic.twitter.com/P0hLvo00Ph
— PushGoals (@PushGoals) July 24, 2024
Македонскиот голман имаше и неколку одлични интервенции, па беше меѓу најдобро оценетите фудбалери на Борац.