Шешко не ги сака парите од Саудиска Арабија, останува во Европа!

by riste
1 минути читање

Словенечкиот напаѓач, Бенџамин Шешко ќе биде една од најатрактивните трансфер цели во летниот период, повеќе клубови се заинтересирани за неговиот потпис.

Шешко веќе добил две мега понуди од клубови од Саудиска Арабија, но и двете ги одбил.

Словенецот не е заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија и покрај што таму би заработил повеќе пари. Сака да остане во Европа и да игра во најдобрите лиги.

Лајпциг му нуди нов договор, но има понуди и од клубови од Премиерлигата, пред се од Арсенал.

Се верува дека брзо по почетокот на преодниот рок ќе биде решена иднината на Шешко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани