147
Фудбалерите на Црвена звезда вчера го понижија Партизан победувајќи го со 4-0 во Хумска, победа како никогаш досега на теренот на големиот ривал.
Ѕвезда на вечерта беше Шериф Ендиаје кој постигна хет-трик и со тоа испиша историја бидејќи хет-трик на вечното дерби не беше виден 56 години.
Ова беше еден од најтешките порази во историјата на Партизан, а по мечот на социјалните мрежи се огласи и поранешниот фудбалер на Звезда, Мамаду Мбоџ.
„Шерифе, доста е, веќе се мртви“, напиша Моџ на социјалната мрежа „Х“ (твитер).