Maнчестер Јунајтед со неколку нови фудбалери ќе ја започне следната сезонна.
По разочарувањето во изминатата во која „црвените ѓаволи“ завршија на осмото место, доведени беа млади играчи кои веднаш би требало да бидат дел од првиот состав.
Следната сезона треба да биде шанса и за холандскиот тренер, Ерик Тен Хаг да покаже дека е дораснат за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед.
Изгледаше како во последно време да е на работ на отказ, но управата на Јунајтед одлучи да му даде уште една шанса. Ќе потсетиме, 25% од акциите на Манчестер Јунајтед кон крајот на минатата година купи Сер Џим Ретклиф, еден од најбогатите луѓе во Велика Британија.
Освен купувањето на тој пакет од акциите тој доби и големо влијание на спортскиот сектор. Јунајтед со него тргна агресивно на пазарот и веќе се најавува како би можел да изгледа тимот со новите имиња во составот.
Зиркзе и Јоро веќе потпишаа, а следен би требало да биде Угарте од Пари Сен Жермен. Но, не е исклучено до крајот на преодниот рок да дојде и уште некое засилување.