251
Шампионот на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Љум се раздели со еден од носителите на играта од оваа сезона.
Од таборот на стружани си оди Вангел Згуро, кој оваа сезона беше еден од најстандардните во походот за одбрана на шампионскиот трофеј. 31-годишникот настапува на позицијата лев бек, а може да игра и како дефанзивец.
Оваа сезона во дресот на Струга запиша 31 натпревар и даде три гола, а сега клубот му се заблагодари за одиграното.
Струга Трим Љум се подготвува за настап во квалификациите за Лигата на шампионите, каде што ќе играат во првото претколо.