Шалке сака да ги врати славните денови

by riste
1 минути читање

Поранешниот германски шампион и освојувач на Купот на УЕФА, Шалке последните три сезони го помина патот од ѕвездите до трњата, но планира повторно да се вивне кон фудбалските височини.

Од 2021 година, тимот од Гелзенкирхен два пати испадна од Бундеслигата, смени 10 тренери и малку недостасуваше минатата сезона да се најде во третата дивизија со што ќе го загубеше професионалниот статус. Новиот прв човек на клубот Матијас Тилман кој е на оваа позиција од 1 јануари планира сето тоа да го смени.

Во Шалке ќе се менува се од корен, од ростерот, тренерскиот тим до физиотерапвтите и аналитичарите. Донесени се дури 11 нови фудбалери меѓу кои и Муса Сила кој доаѓа од францускиот По, но ја поминал академијата на Монако и за него се платени 2,5 милиони евра што е најголема инвестиција во последните пет години.

Задржани се носителите на играта, но најважен елемент во тимот треба да биде хемијата бидејќи сите веруваат дека претстојната сезона ќе биде на Шалке и клубот ќе успее да се врати во Бундеслигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани