Поранешниот германски првак Шалке 04 пред три години испадна од Бундеслигата и во моментов се бори за опстанок дури и во втората лига.
Тимот од Гелзенкирхен влета во финансиски проблеми откако генералниот спонзор „Гаспром“ се откажа поради војната во Украина. Оттогаш Шалке бележи само минуси, а во моментов се наоѓа во „дебел“ дефицит на средства. Германскиот клуб има минус од 168 милиони евра, што е огромна сума за второлигаш.
Се обидуваат челниците на Шалке да направат пари на сите можни начини. Еден од начините е продажба на акции за сопствеништво на стадионот „Велтинс Арена“. Преку официјаниот сајт започна продажбата, а се продаваат акции во минимална вредност од 750 евра.
Германски „Билд“ оваа акција за помош од навивачите на Шалке ја наслови со „Просјачки поход“.