Чурлинов е пред елиминација, Шишковски и Барди остануваат во игра

by riste
1 минути читање

Јагиелонија на Дарко Чурлинов на свој терен загуби од Ајакс со убедливи 4-1, Борац Бања Лука на Шишковски одигра без голови кај Ференцварош, и Трабзонспор на Барди ремизираше без погодоци кај Сент Гален.

Дарко Чурлинов беше стартер за Јагиелонија и го одигра целиот натпревар, но Ајакс покажа моќ и во Амстердам си замина со победа од 4-1. Ова беше меч од квалификациите во Лига Европа.

Во истото натпреварување Борац Бања Лука на Шишковски одигра 0-0 на гостувањето кај Ференцварош, резултат кој е одличен за босанскиот клуб. За жал, македонскиот голман беше на клупата за резерви на овој меч.

Барди беше стартер за Трабзонспор на гостувањето кај Сент Гален и на теренот остана до 73. минута. Капитенот на македонската репрезентација беше најдобро оценет играч во својот тим. Натпреварот кој се играше од квалификациите во Конференциската лига, заврши без голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани