Чурлинов беше херој за Јагелонија, но остана скромен: Покажавме дека заслужуваме да сме тука! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше вечер за паметење во Данска откако и донесе победа на Јагелонија со гол во продолжението.

Јагелонија имаше негатива, но успеа да направи пресврт и да слави победа. Чурлинов победничкиот гол го постигна во 97. минута од натпреварот.

По натпреварот сепак остана скромен и истакна дека заслугите се на целиот тим./

„Не сум херој само јас, целиот тим е заслужен за оваа победа. Покажавме дека можеме да се вратиме и против најдобрите, заслужуваме да сме тука“, изјави Чурлинов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани