Милан се најде во проблеми бидејќи на самиот почеток на турнејата во САД, бидејќи двајца фудбалери се здобија со повреди.
Се работи за Алесандро Флоренци кој ги повреди лигаментите и ќе мора на операција, но и голманот Марко Спортиело кој ја пресече раката и тоа ќе го оддалечи од терените неколку месеци. Иако се работи за играчи кои главно се резервисти, сепак во секој тим е важно да се пополнат и резервните позиции.
Интересна информација се појави во Италија, а тоа е дека на Милан му е понуден човекот кој го чинеше Ливерпул трофеј во Лигата на шампионите – Лорис Кариус. Голманот своевремено имаше две големи грешки во финале на елитното натпреварување кои Ливерпул го оставија без шанси за трофејот.
Сега Кариус кој е слободен агент го споменуваат како голман кој е понуден на Милан како бесплатна опција. Голманот по две сезони во Њукасл го заврши договорот, а неговите желби се да се пресели во калчото и да живее близу до својата сопруга, атрактивната спортска новинарка Дилета Леота и нивното дете.