115
Францускиот офанзивец Жереми Менез објави спортска пензија на 37-годишна возраст.
Оваа сезона Французинот остана без клуб, откако минатата сезона настапуваше за италијанскиот клуб Бари, а претходно три сезони мина во Реџина. Врвот на кариерата на Менез му беа настапите за ПСЖ и Милан, додека исто така беше дел и од Рома, Бордо, Монако, Сошо, Анталијаспор, Америка и Париз.
Своевремено Менез беше и француски репрезентативец, одигра 24 натпревари и постигна два гола.
Инаку, неговата кариера веројатно ја обележа еден од најлудите голови во италијанското калчо. Менез во дуел против Парма влета откосо, го претрча голманот пред самата гол линија и атрактивно со пета го лобува.