Репрезентацијата на Македонија на 10 јуни ѝ гостува на селекцијата на Чешка во Храдец Кралове. Овој противник се подготвува за настап на Европското првенство, па нема сомнеж дека на „генералката“ против Македонија ќе оди со сите расположливи сили.
Предводникот на Чесите, Иван Хашек го откри списокот на играчи на кои ќе смета за натпреварите против Малта и Македонија. Лидери на тимот на теренот ќе бидат германските шампиони Шик и Хложек, тука е Соучек и Куфал од Премиер лигата, Барак од финалистот на Конференциската лига, како и уште неколку играчи од Бундеслигата.
- Списокот на Чешка за претстојните натпревари:
Голмани: Матеј Ковар (Баер Леверкузен), Витежлав Јарош (Штурм), Јидрих Станек (Славија)
Одбрана: Владимир Куфал (Вест Хем), Давид Јурашек (Хофенхајм), Томас Холеш (Славија), Давид Зима (Славија), Томаш Вичек (Славија), Мартин Витик (Спарта), Робин Хранач (Викторија), Давид Дудера (Славија), Ладислав Крејчи (Спарта)
Среден ред: Томаш Соучек (Вест Хем), Антони Барак (Фиорентина), Ондреј Лингр (Феенорд), Вацлав Черни (Волфсбург), Михал Садилек (Твенте), Лукаш Черв (Викторија), Лукас Провод (Славија), Матеј Јурашек (Славија), Павел Шулц (Викторија)
Напад: Патрик Шик (Баер Леверкузен), Адам Хложек (Баер Леверкузен), Мојмир Читил (Славија), Томаш Чори (Викторија), Јан Кухта (Спарта)
Натпреварот меѓу Чешка и Македонија на 10 јуни се игра во терминот од 18:00 часот