128
Поради репрезентативната пауза сите шест натпревари од Првата македонска фудбалска лига ќе се играат во саботен термин.
Во четвртата рунда од македонскиот шампионат има неколку интересни пресметки. Вардар ќе ја дочека екипата на Воска Спорт, во натпревар кој едноставно мора да го добие. Битолски Пелистер по победата над Силекс сега гостува кај Шкендија во Тетово, додека кратовчани се домаќин на Шкупи.
Работнички оди на гости кај новајлијата Беса, шампионот ќе биде домаќин на Брера, а во Кавадарци ќе се судрат Тиквеш и Гостивар.
- Натпревари од четвртото коло на ПМФЛ:
Вардар – Воска Спорт
Шкендија – Пелистер
Беса – Работнички
Силекс – Шкупи
Струга – Работнички
Тиквеш – Гостивар
Сите шест натпревари се на програмата во терминот од 16:00.