Сериозни турбуленции се случуваат во репрезентацијата на Србија по нивниот настап на Европското првенство, српските медиуми најавуваат за незадоволство кај дел од најдобрите фудбалери.
Србија одигра лошо Европско првенство, не ги исполни целите, даде само еден гол на три меча, па критиките од српската јавност се големи.
„Информер“ излезе со вест дека четворица важни играчи се свртеле против селекторот, немаат намера да играат за репрезентација додека Драган Стојковиќ – Пикси е на клупата.
Се работи за капитенот Душан Тадиќ кој и за време на Европското првенство јавно искажуваше незадоволство од одлуките на селекторот, останатите се двоецот од Ал Хилал, Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Последно име на листата е голманот Предраг Рајковиќ.
Времето ќе покаже дали овие тврдења на српскиот медиум се вистинити.