Челси ќе продолжи да троши големи пари за засилувања, а се пишува дека веќе го договориле големиот бразилски талент на Палмеирас, Естевао Вилијан.
Наводно Палмеирас прифатил понуда од 65 милиони евра за Естевао Вилијан, и тој во јануари 2025 година треба да се пресели на Стемфорд Бриџ.
Палмеирас претходно одби понуда од 57 милиони евра од Челси, па сините пратија осум милиони повика која е прифатена.
Ова е рекорден трансфер бидејќи Вилијан станува најскапата продажба на еден јужноамерикански клуб.
Претходниот рекорд го држеше Ендрик кој исто така од Памеирас потпиша за Реал Мадрид за трансфер вреден 60 милиони евра со бонуси.
На Естевао Вилијан му предвидуваат голема иднина, го споредуваат и со Меси, го викаат Месињо. Останува да се види како ќе се развива.