495
Екипата на Челси е во потрага по нов тренер, откако се раздели со Маурисио Покетино по крајот на уште една неуспешна сезона. Аргентинецот го плати цехот за лошите резултати, иако веројатно не беше виновен за кризата и невоиграноста на тимот.
Најавите велеа дека Тод Боли посакува млад стручњак кој нема шампионско педигре, меѓутоа „Мундо Депортиво“ пренесе поинакви вести. Имено, првиот обид да се пронајде наследник за Покетино бил неуспешен.
Се верува дека изборот паднал на Ханси Флик, поранешниот тренер на Баерн Минхен, Хофенхајм и селектор на Германија. Сепак, Шпанците уверуваат дека Германецот го одбил Челси и ја чека понудата на Барселона.