Oд редовите на Челси остануваат без тренерот на голманите, Хенрике Хиларио кој во клубот помина 18 години.
Хиларио во Челси пристигна во далечната 2006 година додека се уште беше активен голман и во тимот на Мурињо имаше улога на трета опција зад Петар Чех и Карло Кудичини.
Како голман во Челси помина речиси една деценија, а се пензионираше во 2014. Веднаш потоа доби работа во стручниот штаб како тренер голманите.
Беше помошник на Антонио Конте кој Челси го водеше до шампионската титула на Англија, а остана тренер на голманите и во стручните штабови на менаџерите кои до денес ги водеа „сините“.
Очигледно посебно добра соработка имал со Томас Тухел кој сега го повикал да му се придружи и во репрезентацијата на Англија. За Португалеоцт тоа било понуда која не може да ја одбие, а Челси не дозволил да ги извршува двете улоги паралелно, па затоа и разделбата била единствена опција.
Со работа Хиларио во Англија ќе започне со Тухел кој ќе го преземе кормилото на „Гордиот Албион“ во првиот ден од 2025 година.