Челси се договорил со талентираниот „Месињо“, наскоро ќе биде испратена богата понуда до Палмеирас

by bojan
1 минути читање
Месињо

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси ги договорил личните услови на талентираниот Естевао Вилијан , „сините“ наскоро ќе испратат богата понуда до Палмеирас.

17 годишниот Естевао Вилијан, кој е попознат како „Месињо“, важи за еден од најголемите таленти во Бразил и подолго време е на радарот на гигантите ширум Европа.

Се верува дека Челси во моментов прави најконкретни чекори за негов ангажман, и последните информации кои ги објави новинарот Фабрицио Романо велат дека „сините“ веќе ги договориле личните услови на фудбалерот.

Клубот од Стемфорд Бриџ сега ќе треба да пронајде дил и со Палмеирас и наскоро ќе биде испратена богата понуда.

Челси ќе достави предлог вреден 32 милиони евра, плус додатни 25 милиони евра во бонуси, сума која е нешто над откупната клаузула за Естевао Вилијан (55 милиони евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани