Фудбалскиот клуб Челси продолжи по својот „метод“ на работа и промовира уште едно ново име за тимот.
Нов член на „сините“ од Лондон е Арон Анселмино. Станува збор за 19-годишно момче од Бока Јуниорс кој игра на позицијата стопер. Неговата откупна клаузула беше околу 25 милиони евра, но според информациите Челси ќе плати нешто помалку од таа сума. Исто така, младиот Анселмино останува следната сезона во Бока Јуниорс како позајмен фудбалер.
Овој трансфер е во најмала рака чуден. Имено, договорот на Анселмино со Бока Јуниорс беше во должина на уште една година, односно истекуваше следното лето. Неговата вредност според „Трансфермарк“ е околу три милиони евра.
И покрај тоа, Челси тропна на вратата на Бока и сериозно го преплати младиот фудбалер кој има само десет настапи за сениорскиот тим.