Челси го продава Матсен на конкурент од Премиерлигата!

by riste
1 минути читање

Јан Матсен одигра импресивно на позајмицата во Борусија Дортмунд, а Челси ова лето ќе го продаде на клуб од Премиерлигата.

Челси се договори со Астон Вила за продажба на Јан Матсен за сума од 37,5 милиони фунти.

На ред се преговори за личните услови на фудбалерот, а откако ќе бидат договорени и тие детали, трансферот ќе оди во официјална реализација.

Матсен имаше импресивни партии за Борусија Дортмунд, но Челси одлучи да не го задржи, туку да го продаде на директен ривал како Астон Вила која минатата сезона заврши во топ 4.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани