Челси го доби Тотнем во лондонското дерби, Астон Вила е чекор поблиску до ЛШ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Челси со 2-0 го совлада Тотнем во дербито од Премиерлигата, а со тоа ја израдува и Астон Вила која остана со солидна предност на четвртата позиција.

Откако стана јасно дека петтата позиција од Премиерлигата нема да носи во Лигата на шампионите, Тотнем не смееше да си дозволи кикс во лов на Астон Вила, но тимот од Северен Лондон загуби кај градскиот ривал Челси.

Челси поведе со гол на Чалоба во 24. минута по едно нафрлување на Галагер.

Конечните 2-0 ги постави Џексон во 72. минута откако дојде до одбиена топка по еден шут од слободен удар на Палмер.

Астон Вила е четврта со 67 бода, Тотнем има 60 и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани