Челси го доби лондонското дерби со Вест Хем за втора победа во низа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Челси предводен од Енцо Мареска изгледа одлични и во првиот натпревар од петтото коло во Премиер лигата ја забележа втората победа во низа без примен гол.

Денеска „сините“ беа подобри од Вест Хем со сигурни 0-3. Победата на Челси беше најавена по само четири минути игра кога резултатот го отвори Николас Џексон.

Веќе во 18. минута, Џексон постигна уште еден гол за удвојување на предноста. По тој гол видовме по некоја прилика и на двете страни, но до крајот на првиот дел резултатот не се промени.

На стартот од вториот дел Џексон по двата гола додаде и асистенција, а Палмер ги постави конечните 0-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани