Манчестер Јунајтед го изненади градскиот ривал Манчестер Сити и го освои ФА Купот на Англија. Со тоа „ѓаволите“ си изборија пласман во Лигата на Европа следната сезона, а извиси екипата на Њукасл.
Секако, станува збор за правилата на УЕФА дека иста компанија сопственик не смее да има два клуба во исто натпреварување. Бидејќи „ИНЕОС“ е сопственик на француска Ница, а таа заврши повисоко на табелата во однос на Јунајтед, има предност при изборот на УЕФА.
Доколку новата сопственичка структура не успее да се договори со УЕФА, многу лесно може да се случи Манчестер Јунајтед да не добие дозвола за настап во Лигата на Европа.
Од ситуацијата би можеле да профитираат Челзи и Њукасл. Имено, „сините“ наместо во Лигата на Европа беа прекомандувани во Конференциската лига по победата на Јунајтед во ФА Купот, а Њукасл остана без избореното место во третото по ранг натпреварување на УЕФА. Доколку „црвените ѓаволи“ бидат исфрлени, веројатно овие два тима ќе ги добијат назад местата.