Турскиот фудбалски репрезентативец Хакан Чалханоглу игра во одлична форма за Интер и со добрите партии се најде меѓу 30. кандидати на скратениот список за Златната топка.
Иако нема реални шанси да ја освои во силната конкуренција, а веројатно нема да биде ниту во топ десет, самото тоа што е на списокот Чалханоглу го смета за успех. Тој со последната своја кратка изјава привлече внимание.
„Секогаш има критики на моја сметка. Сепак, јас не се осврнувам многу на нив. Не сакам да звучам арогантно, меѓутоа јас сум кандидат за Златна топка и горд сум на тоа“, изјави Турчинот.
Првпат по 21 година еден турски фудбалер е меѓу номинираните за најпрестижното лично признание. Последен кој беше меѓу кандидатите беше Нихат Кахвеци во 2003 година.