99
Фудбалерите на Турција славеа на гостувањето на Исланд (2-4) во Б сегментот на Лигата на нациите.
Интересна сцена се случи во 54 минута, кога беше поништен гол од пенал на Хакан Чалханоглу. Турскиот капитен шутна и го измами домашниот голман, погодувајќи за 1-1, но бргу потоа радоста беше прекината.
Судијата Силвестржак доби повик од ВАР собата и покажа индирект. Причината за такво нешто е правило кое не го знаат многумина.
Имено, Чалханоглу откако шутна со десната нога се лизна и во падот топката го погоди и во левата нога. Бидејќи два контакти се недозволени, судиите мораа да го поништат постигнатиот гол и да досудат недозволена позиција.