Чалханоглу: Поразот од Милан болеше, но тоа ни даде поинаков оган!

by 24 фудбал
1 минути читање

Интер го надмина поразот од Милан (1-2) во „Дерби дела Мадонина“, па славеше во следниот дуел против Удинезе (2-3) во калчото.

Една седмица по дербито на натпреварот се осврна Хакан Чалханоглу. Екс-играчот на Милан е еден од најмотивираните во овие натпревари, особено поради навредите кои ги добива од „росонерите“. Тој призна дека поразот во дербито бил болен за нив.

Поразот од Милан ни даде поинаков оган. Знаеме дека боли и ќе биде тешко, меѓутоа работевме напорно на тренинзите и верувам во овој тим. По пораз во дербито, моравме да се кренеме на нозе особено знаејќи дека имавме шест победи во низа. Сакавме да ги израдуваме навивачите, но Милан заслужи да победи. Знаеме дека сме силни, мора да работиме повеќе, а да зборуваме помалку. Не сме навикнати многу да губиме“, изјави Чалханоглу.

Интер нема време за размислување на претходните предизвици, бидејќи веќе во вторник ја дочекува Црвена Звезда во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани