Чаби Алонсо внимава на ситните детали, германски новинар го откри неговото „тајно“ оружје (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Баер Леверкузен има фантастична сезона. Освојувајќи ја Бундеслигата и во трка за трофеите во Лигата на Европа и Купот на Германија, тимот игра перфектно и е без пораз на 49 натпревари во низа. Чаби Алонсо го трансформираше тимот од “БајАрена” и резултираше со голем успех.

Една од основните карактеристики на „фармацевтите” е нивната способност да постигнуваат голови во критични моменти на мечот, постигнувајќи погодок дури 17 пати по истекувањето на 90. минута. Германскиот новинар Андре Ринд-Тут откри интересни статистики. Имено голманот Лукас Храдецки при фрлање паричка пред мечот во 10 од 12 случаи избрал да неговиот тим во вториот дел од мечот да напаѓа кон страната каде што се наоѓаат домашните навивачи, што е нешто неочекувано од многумина.

„Кога играте на гости, сфатив дека сакате да правите една работа, а тоа е во второто полувреме домашниот тим да не напаѓа кон голот зад кој се нивните навивачи“, заклучи новинарот во разговор во живо со тренерот.

„Кој ти го кажа тоа? Храдецки е доволно мудар и знае што треба да направи. Имаме свои причини. Не мора сè да обелоденуваме јавно, ама постојат причини за сите мали детали на кои мора да размислуваш за време на натпреварите. Подобро ти е да донесеш ти одлука, отколку да чекаш да видиш што ќе направи противникот“, заклучи Чаби Алонсо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани