Во натпреварот за викендот Јувентус славеше победа над Лацио со голот на Марко Хила во 85. минута, а во овој натпревар во одлично светло на навивачите се претстави Црногорецот, Василије Аџиќ.
Аџиќ има 18 години и ова лето пристигна од Будуќност во Торино за сума од два милиони евра.
Минатата сезона беше најдобар во црногорското првенство, а по доаѓањето во Јувентус се очекуваше да биде дел од вториот тим. Сепак, по одличните припреми клубот од Торино се одлучи да го стави во првиот состав.
По натпреварот фудбалерот доби позитивни коментари од навивачите кои се и тоа како задоволни од неговото издание.
Од трибините настапот на Аџиќ го следеле и неговите родители кои како што пренесуваат италијанските медиуми плачеле од среќа.