Хумелс го избрал новиот клуб, останува во топ 5 првенства

by Стефан
1 минути читање

Се уште не е официјално, но голем дел од германските медиуми објавуваат дека искусниот дефанзивец Матс Хумелс се договорил со тимот на Мајорка.

Ако најавите се остварат Хумелс во наредната сезона за првпат ќе игра во Примера. Се шпекулираше дека Хумелс има понуди од американската МЛС лига, но на крајот се одлучил за Мајорка каде што неговото семејство има во сопственост куќа и имот од 3.000 квадратни мерки.

Желбата на Германецот била да остане во некоја од топ 5 лигите, а понудата од Мајорка пристигнала во вистински момент и двете страни се договориле за соработка од една година.

Во кариерата досега Хумелс играше само за два клуба и тоа од Германија, Баерн и Борусија Дортмунд. Најголема трага остави во дресот на „милионерите“ каде што одигра скоро 500 натпревари.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани