Хулигани влегле на стадионот на Партизан и го уништиле теренот пред вечното дерби! (ФОТО)

by riste
8 минути читање

Утрово во Хумска вработените ги дочека непријатно изненадување, група на хулигани го уништила теренот во пресрет на утрешното 174. вечно дерби.

Во текот на ноќта, хулигани влегле на стадионот на Партизан и направиле хаос на теренот до степен да е загрозено одигрувањето на вечното дерби кое е на програмата утре. На теренот има фрлено големи количини на киселина и стакло.

Последните информации од Србија велат дека мечот меѓу Партизан и Црвена звезда сепак ќе се игра и покрај оштетениот терен.

Луѓето од Партизан работат напорно колку што можат да го вратат теренот во нормална состојба, имаат помош и од Комуналното претпријатие од каде со нивните машини ќе го отстранат стаклото кое го има по теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани