Христијан Стевковски е нов голман на Струга (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Актуелниот македонски шампион, Струга има нов голман, промовиран е Христијан Стевковски кој крај охридското езеро пристигнува од Македонија Ѓорче Петров.

По испаѓањето на Македонија ЃП во втората лига, Христијан Стевковски кој важи за еден од најдобрите македонски голмани, реши да го промени клубот, изборот падна на Струга.

Стружани се активни во летниот преоден рок, покрај Стевковски досега ги ангажираа и Стефан Спировски, Кире Ристевски, Арби Воша, Бојан Илиевски, Стефан Јевтоски и Масаки Такахара.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани