239
Новиот прволигаш Беса 1976 ја потврди разделбата со Христијан Драгарски.
32-годишниот дефанзивен фудбалер во новата сезона ќе побара нов предизвик, откако во изминатата играше за шампионот на Втората лига. Драгарски минатото лето пристигна во Беса, а по само една сезона замина од клубот.
Во својата кариера Драгарски мина доста македонски клубови како Пелистер, Победа, Струга, Младост Царев Двор, а имаше и странски предизвици во Теута, Конкордија и Радник.