62
Хрватскиот судија Тони Дадиќ и контролорот за судњење Бруно Мариќ се суспендирани од својата работа на неопределено време.
Против нив се води постапка од страна на Дисциплинската комисија, а причината е навистина интересна – личен разговор. На социјалните мрежи се појави личниот разговор на Дадиќ и Мариќ кои се пријатели, а го објавија „Бед Блу Бојс“, навивачите на Динамо Загреб.
Јасно се гледа дека Дадиќ е навивач на Хајдук, тоа му го замерија момците од Загреб, но во разговорите има и некои деликатни теми.